Полицијата лишила од слобода маж од Лозово во Велес поради сомнеж за дрога
Објавено на 20 февруари, 2025 во 12:58

На улица „Димитар Влахов“ во Велес, вчера, полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес го лишиле од слобода С.Б (27) од Лозово.
„При преглед кај него и во возилото кое го управувал, кај него била пронајдена зелена тревкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк
