Полицијата на дружење со велешани(Фото галерија)

Се дружеа денеска македонската полиција и граѓаните на настан што се одржа во Младински парк во Велес. Четири часа граѓаните имаа можност да ја погледнат опремата, транспортните возила, мотори и помагала на полицијата. Тие беа изложени пред јавноста. Полициските службеници разговараа и одговараа на прашања на граѓаните за што им служи опремата и како ја употребуваат.
За децата беше најинтересно да се влезат во возилата, да е качат на полицискиот мотор и да се фотографираат додека со беа подигнувани во воздух со јаже на интервентната полициска единица.
Возрасните граѓани присуствуваа и на борба што како кондициона вежба ја имаат полициските службеници.
На настанот особено внимание предизвика присуството на елитните единици на МВР и користењето на нивната опрема.
На одржувањето на настанот во Велес со кој се одбележа 7 Мај, Ден на македонската полиција присуствуваше и Државниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска. Таа заедно со началникот на Секторот за внатрешни работи Велес, Славчо Бојковски како и заменик градоначалникот Коста Нојков ги посети сите штандови на кои беше изложена полициската опрема и ги проследија демонстрациите на борби од страна на полициските службеници.
Убавка Јаневска
Фото галерија








