Полицијата осомничи полициски службеници за кривични дела „измама“ и „помагање“ (фото и видео)
СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против двајца колеги, првиот О.К. (41) од Велес, вработен во СВР Велес и вториот Н.К. (46) од Битола, вработен во СВР Битола.
„Во кривичната пријава го осмничи првопријавениот О.К дека е сторител на кривично дело „измама“, казниво по член 247 од КЗ на РСМ, кое го сторил на тој начин што со намера да се стекне со имотна корист, во време додека е член на Независниот синдикат на полиција на Македонија, довел во заблуда вработени во МВР дека се потпишуваат на пристапници за Независен синдикат на полиција , а не на во тоа време на неформираниот Синдикат на полиција на Македонија, како и кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправа“, казниво по член 379 став 1 т.2, кое го сторил на тој начин што ги навел полициските службени лица да го стават својот потпис врз исправа со лажна содржина, која тој самиот ја составил, при што таквите исправи ги употребил за регистрирање на Синдикат на полиција на Македонија.
За второпријавениот Н.К., пак, поради „помагање“, по член 24 во извршување на кривичното дело „измама“, по член 247 од КЗ на РСМ и кривичното дело „посебни случаи на фалсификување исправа“ по член 379 став 1 т.2 од КЗ, поради тоа што иако знаел или морал да знае дека изработката на документација без да бидат извршени дејствата е забранета, му помогнал во изработката на фалсификатите на О.К. и спроведување на измамата. Бидејќи пријавенети лица се вработени во МВР, за целиот случај е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошно постапување, рече портпаролот на СВР велес Ристе Самарџиев.
Според извори на Дума.мк еден од осомничените полициски службеници е поранешен функционер во СВР Велес.
Убавка Јаневска