Поставени нови пластички корпи за отпадоци и нови контејнери со пораки за чист Велес
Четириесет нови пластични корпи за отпадоци се поставени дополнително на повеќе локации низ градот Велес, ифнормираат од Јавното комунално претпријатие „Дервен“. Досега во централното градско подрчје и на левата страна од градот поставени се 85 од вкупно планирани 105 корпи за отпадоци.
Исто така, извршена е и замена на старите и неупотребливи контејнери за комунален смет со репарирани контејнери на улица Димитар Влахов, Илинденска, Петре Прличко, Благој Ѓорев, кај касарната и спроти Офицерски дом и на улица Септември, спроти „Стоковна“, коишто носат порака за почист Велес.
Од ЈКП „Дервен“ апелираат до сите граѓани сметот да го одложуваат во контејнерите а не околу нив како и во деновите кои се определени за собирање на смет од домаќинствата.
Стефани Манева