Потребна е помош од граѓаните за скапо лекување на велешанецот Благојче Петров

Објавено на 1 декември, 2023 во 12:42

Четириесет и едно годишниот Благојче Петров од Велес  боледува од тумор на панкреас. Секој граѓанин може да донира средства коишто ќе бидат искористени за обезбедување на соодветна терапија којашто велешанецот ја прима редовно.  

Оваа хумана акција ја споделуваат голем број на негови роднини, пријатели и познаници. Сите хумани граѓани можат да донираат и во поставените кутии на повеќе локации низ градот, поточно во „Пепида“ кај игралиштето во Тунелот, потоа „Фортуна“ кај Багремче, Пекара „Палма“ на Трговски, „Меаната на Даце“, кафана „Шкорпион“, месарница „Дамес“, пекара „Златни Класја“ кај кривините за накај болница, ресторан „Интернационал“, карго на Стар мост под Црвен крст како и гостилница „Боем“.

Потребно е сите, кој колку што може да ја покаже сопствената хуманост за да се помогне на велешанецот Благојче да ги собере потребните средства за исклучително скапата терапија за лекување. Секоја донација од граѓаните значи потврда дека ништо не е поскапо од човечкиот живот!

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.