Повреден работник во велешка фирма, сообраќајки во населбата Долни Дуќани и на автопат Велес – Градско

Објавено на 6 август, 2021 во 15:03

Возилата на Итна медицинска помош денеска постојано возат по велешките улици. Со вклучени сирени возилата бараат предност во сообраќајот низ градот. Причина за големата раздвиженост на медицинските возила се: повреден работник во велешка фирма, сообраќајна незгода во јужниот дел на Велес поточно во населбата Долни Дуќани и втора во којашто, во моментов, медицинска екипа интервенира на автопатот Велес – Градско.

Според Авто мото сојуз на Македонија, целосно е блокиран сообраќајот на автопатот од Велес кон Градско.

Се чекаат официјални информации на здравствените институции во Велес за состојбата на повредените работник и граѓани во сообраќајките.

Убавка Јаневска  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.