Пожар во објект на приватна фирма во Кавадарци
Објавено на 14 декември, 2021 во 15:44
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/12/KAVADARCI1-1024x768-2-1-1.jpg)
Во објект на приватна фирма во Кавадарци, на улица „Шишка“, неколку часа по полноќ, настанал пожар којшто бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица во Кавадарци и нема повредени лица.
-Пожарот избувнал три часа и 25 минути по полноќ и истиот бил пријавен во ОВР Кавадарци, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
На местото на настанот бил извршен увид.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)