Пратеникот Здравковски: Не е нормално ако нема соработка и комуникација помеѓу пратеник и градоначалник
Целта на пратеникот и градоначалникот е подобар, просперитетен и развиен Велес и благодарение на довербата од граѓаните имаме должност и обврска да соработуваме како и лобираме по институциите за исполнување на обврските кон граѓаните, пишува пратеникот Игор Здравковски од ВМРО ДПМНЕ во одговорот на прозивката од советничката група на СДСМ и коалиционите партнери во Советот на Општина Велес.
– Не е нормално ако нема соработка и комуникација помеѓу пратеник и градоначалник. Целта на двајцата нас е подобар, просперитетен и развиен Велес, и благодарение на довербата од граѓаните имаме должност и обврска да соработуваме и лобираме по институциите за исполнување на обврските кон граѓаните. Во однос на обвинувањата дека некој вршел притисок кон одредени носители на функции на јавна дејност целосно ги отфрлам, но ветувам, ќе се погрижиме секој еден од нив кој се огрешил пред законите да одговара за своите постапки пред институциите на системот, напиша пратеникот Здравковски.
Тој додава дека наместо на советниците да им е нејасно како со градоначалникот можеле да имаат добра комуникација и соработка и заеднички лобирале и се бореле за доброто на граѓаните тие требало да ги симнат маските, да ги тргат егоистични нагони на страна и сите заедно да се вложат за да го врателе Велес на победничките патеки, на патеката на развојот и конечно да направеле нешто добро за сопствените сограѓани кои даваат и одземаат власт. Притоа Здравковски ги потсети советниците на СДСМ дека тоа тие најдобро го почувствувале пред неколку месеци, на последните локални избори.
Ставот на пратеникот Здравковски следи по прозивката од советничката група на СДСМ со коалициските парнери во Совет на Општина Велес дека заедно со градоначалникот Марко Колев вршеле притисоци и закани над директори на локални институции да се откажат од функцијата што ја извршувале како и дека тоа се случувало во кабинетот на градоначалникот.
Убавка Јаневска