Предупредувачки протест на матичните лекари, епилогот во одлуката на заменик министерот за здравство Рендевски
Матичните лекари во Велес за момент излегоа надвор од приватните амбуланти и сите заедно го изразија својот револт на предупредувачки протест, пред згарадата на подрачната единица на фондот за Здравствено осигурување во Велес. Не исполнетите барања што со години наназад се провлекуваат и се однесуваат на зголемување на капитацијата, не можноста нивните приватни здравствени организации да ги наследи друг лекар, високите сметки за струја и не можноста на дел од нив да исплатат плата за медицинскиот персонал по зголемувањето на минималецот од 15.000 на 18.000 денари.
-Мојата приватна здравствена организација за месец декември доби сметка за потрошена електрична енергија со сума од 45.000 денари. Не сум потрошила толку. Станува збор за разлика во наплатата што ми е пресметана во висина од 27 денари за киловат наместо 11 денари што ЕВН ја пресметува за киловат. Тешко ја платив сметката. Тоа се одрази на работата, наместо јас како лекар и медицинскиот персонал во амбулантата да добиеме повисока плата парите отидоа за потрошена струја. Во последните години имаме дополнителни трошоци за маски, што мораме да ги имаме заради лична заштита и заштита на пациентите. Работата е многу напорна, јас имам 35 години работен стаж и чувствувам како да работиме на лента. Меѓу другото не фунцкионира системот на повисоко ниво туку отежнато, нема слободни термини, не можеме да ги упатиме пациентите на компјутер, на магнетна резонанса, да препишеме одредена група на лекови, бидјеќи одредени пациенти во мојот случај како специјалист педијатар неизбежно е деца да упатам на секундарно ниво. Ги малтретираме и наместо кај нас тие си одат во приватни клиники за да ги добијат потребните здравствени услуги, рече д-р Лилјана Христова специјалист педијатар.
-Се соочуваме со голем број на проблеми. Имаме проблеми и со приватните лаборатории коишто години наназад добиваат иста квота на месечно и на годишно ниво а мојата лабороторија добива само 80.000 денари за еден месец што е несоодветно и не можам да им исплатам плата на вработените а камоли да купам реагенси, како и за медицинска апаратура која е скапа. Смешна е сумата од 80.000 или 90.000 денари месечно што не ги покрива давачките за електрична енергија, вода, за да може да се одржи објект и нормално да функционираме. И да не го отвораме прашањето за бројот на пациенти што е огромен во Вовид- 19 пандемија затоа што голем дел од нив се ослободени од партиципација, така што и ова е голем проблем што ни создава мака во работењето. Во моментов имам многу деца коишто се ковид пациенти и навистина е мачно, тешко, напорно. Се трудиме да ги решаваме сите проблеми максимално амбулантски и да не ги препраќаме на секундарно ниво, рече д-р Валентина Ристевска Неашмиќ.
На денешниот предупредувачки протест матичните лекари добија поддршка и од колегите стоматолози.
-Им даваме поддршка во знак на соработка како дел на примарното здравство на кое му припаѓаме и ние стоматолозите. И ние се соочуваме со слични проблеми. Капитациниот бод кај нас е 48 денари и е апсолутно недоволно за еден минимален, основен преглед, којшто го извршуваме на пациентите. Имаме проблеми и со набавка на материјалите за работа затоа што тие постојано се покачуваат. Иселувањето на населението се рефлектира врз нашата работа, за што ние секој месец добиваме се помала и помала сума на финанскиски средства како дел од капитацијата. И само уште да додадам дека ценовникот по којшто работиме издаден од ФЗО е од 2008 или 2009 година а ние во изминатите 14 години сакам да прашам што се е останато со иста цена за да не бидат покачени цените на нашите услуги. Затоа ги поддржуваме нашите колеги бидејќи и ние сме засегнати и им сме и благоардни што не прифаќаат со цел да се подобри ситуацијата за добробита на пациентите а со самото тоа и ние да бидеме малку по задоволни, рече д-р Аленка Гајдова, стоматолог.
Најпогодени според искажувањата се приватните здравствени организации во руралните средини. Во Лозово приватна амбуланта има доктор Слободан Јовановски, којшто како главен проблем го посочува намалувањето на бројот на пациентите со постојана тенденција на опаѓање.
-Во услови кога постојано се намалува бројот на пациенти со висината на капитацијата што ја добиваме тешко опстануваме. Тешко ги подмирувам давачките и обезбедувам финансиски средства за испати на палти и доколку продолжиме да работиме под овие услови ќе морам да ја затворам амбулантата. Со зголемувањето сега на минималната плата од 15.000 на 18.000 денари, апсолутно е невозможно да исплатам на плата на медицинските сестри а и ние како лекари имаме минимална плата, што во споредба со јавното здравство лекарите во приватните рурални амбуланти земаат плата како една медицинска сестра, додаде д-р Јовановски.
Претседателката на здружененито на приватни лекари на Македонија, д-р Лилија Чолакова Дервишова, соопшти дека е максимално задоволна од одзивот на лекарите на денешниот предупредувачки протест затоашто проблемите дојдоа до точка на вриење.
-Здравствениот персонал е чувар на здравјето на народот во државата. Затоа очекуваме да има почит и респект, да останат медицинските сестри и лекарите во државата, за да има кој да ги лекува граѓаните. Крајно време е здравствените власти сериозно да ги стават нашите барања како преоритет на седница на влада и да најдат решение за проблемите на лекарите во приватното здравство, на сите, на лекари, на стоматолози, на лаборатории и им овозможат квалитетни плати за да можеме да го следиме чекорот на трошоци коишто се направи во државата. Не може со сметки високи 43.000 денари за еден месец од капитацијата да платат. Особено колегите во малите рурални средини кога државата ја покачува минималната плата на 18.000 денари. Имаме квалитетни предлози доставени до здравствените власти и нема никакво поместување. Замислете само да го поместиме режимот на лекови онака какошто го даваат матичните лекари ќе се ослободат 300.000 упати а тоа изнесува околу 2 милиони евра. Или нека дојдат луѓе коишто сериозно ќе работат или ние ќе употребиме план Б, додаде Чолакова Дервишова.
Денеска приватните лекари се во матичните амбуланти но примаат само итни случаи, сите го очекуваат епилогот од средбата на претседателката на здружението на матични лекари на Макеоднија д-р Лилија Чолакова Дервишова со заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски, што треба да се одржи во Министерство денеска околу 14:00 часот.
Стефани Манева