(Видео) Преку грант обезбедена нова ученичка кујна во ССОУ„Коле Неделковски“

Практичната настава учениците од угостителската насока во ова велешко средно училиште наскоро ќе ја изведуваат во нова, современа и практична кујна.Проектот на ССОУ„Коле Неделковски“ го поддржа амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.
Договорот е потпишан во вторникот, на 10 октомври помеѓу заменик Амбасадор Ото Граф од една и од втора страна директорката на ССОУ,, Коле Неделковски, Весна Стојанова Богоевска заедно со Кристина Пачукова, претставник на Еколошкото здружение „Тополка“.
„Поточно, финансиските средства од грантот се наменети за опремување на кабинетот за практична настава по Угостителство, во кој нашите ученици ќе имаат можност да ја обавуваат истата во функционални и современи услови по основ на ХАСАП систем. Изразуваме голема благодарност до Амбасадата што експедитивно ни овозможи да сме дел од современите угостителско – туристички училишта, а воедно целокупната воспитно – образовна дејност во училиштето ќе се насочи кон продуцирање кадри кои во целост ќе ги задоволат барањата на современото угостителство и туризам, додаде директорката Стојанова Богоевска.
Поточно новата ученичка кујна практична настава ќе им овозможи на вкупно 108 ученици коишто се образуваат во училиштето во угостителската насока и ќе им обезбеди максимално поволни вредности на стручност и прилагодливост на пазарот.
Убавка Јаневска
