Премиера на театарската претстава „Предлог за брак/Мечка“ во Кавадарци
Објавено: 13 ноември, 2025, во 13:20 часот
Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, вечерва со почеток во 19:00 часот, премиерно ќе ја прикаже претставата „Предлог за брак/Мечка“ по текст на Антон Павлович Чехов во режија на Микица Илова.
Претставата ја прикажува смешната и апсурдна природа на луѓето кога се водени од гордост и ситни интереси. Наместо љубов, сцената е исполнета со кавги, нервни напади и апсурдни ситуации – типично за хуморот на Чехов, кој со иронија ги открива човечките слабости. Чехов маестрално покажува како омразата и страста можат да се претворат во љубов за само еден миг.
Претставата е составена од две едночинки. Во првата едночинка играат Александар Малинков , Ивана Секуловска и Саше Орешков додека во втората едночинка настапуваат Елена Илова, Петар Стојанов , Мартина Илиевска.
Суфлер: Дијана Мишова. Костимограф: Сара Милевска.
Сценска подршка: Диме Темков и тим на Дом на култура Кавадарци.
Светло/тон: Пепи Ангелов.
Бројот на влезници за премиерата е ограничен. Влезниците можат да се резервират на тел.број 075-347-370 исклучиво со СМС порака.
Ангел Данов


