Претпразнично и во првите денови на годинава квалитетот на воздухот во Велес од „чувствителен“ до „умерен“
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/Drzavna-stanica.png)
Единствената мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање во Велес, поставена во дворот на детската градинка во населба Тунел, мери само концентрации на суспендирани честички ПМ 10 и сулфур диоксид. Мерните инструменти од 28 декември регистрират зголемени вредности на ПМ 10 честички во воздухот во Велес. Ако во четвртокот на 28 и во петокот на 29 декември измерените дневни концентрации на овој вид загадување измериле повисоки за 15 мг/м3 односно 36 мг/м3 воздух во наредните два дена регистрирале и повеќе од два и пол пати повисоки концентрации од дозволените 50 мг/м3 воздух. Сепак 30 декември е достигнат пикот од 137 мг/м3 воздух додека на 31 декември измерената среднодневна вредност изнесува помалку за 12 мг/м3 воздух. Потоа регистрираните вредности, од 1 јануари до 3 јануари, благо паѓаат но во ниту еден ден не се под дозволените од 50 мг/м3 воздух.
Но, освен ПМ 10 честичките, оваа државна мерна станица не мери вредности на ниту еден друг вид загадување на воздухот во Велес. Тоа значи дека ни велешани ниту државата го следат загадувањето предизвикано од уште по опасните суспендирани честички ПМ 2,5 потоа јаглероден моноксид CO, како и на азотен диоксид NO 2 или на озон О3.
Дума.мк ја прашаше министерката за заштита и просторно планирање Каја Шукова, при нејзината посета на Велес, зошто градот во којшто сеуште има големи последици од три децениското загадување со тешки метали е оставен само со една мерна станица за квалитет на воздух и не ли е потребно да биде ставена во функција мерната станица Велес 1 која освен што локациски е поблиску до поранешниот најголем индустриски загадувач сега би го регистрирала квалитетот на воздухот особено по линијата на така наречената „Ружа на ветрови“ за да ги прикаже концентрациите во централното градско подрачје, пред се од топилничарската депонија со троска? Тогаш министерката Шукова одговори дека државната стратегија била насочена кон решавање на последиците а не на вредностите на загадувањето.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/Ekomonitoring-1024x509.png)
Но, ако се отвори страницата https://ekodata.live/?page=veles&module=cards која ги прикажува дневните концентрации на мерна станица којашто екологистите на „Вила Зора“ ја поставија во строгиот центар на градот, на улица „Страшо Пинџур“, секојдневно се регистрираат високи концентрации со над 200 мг/м3 воздух на јаглероден моноксид, на ПМ 2,5 честичките со над 40 мг/м3 воздух додека на ПМ 10 честички се на границата на дозволени концентрации со 40 до 43 мг/м3 воздух. На оваа страница се менуваат препораките до граѓаните коишто гласат или „чуствителен“ или „умерен“ квалитет на воздух во градот.
Убавка Јаневска
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)