Претрес во Велес – полицијата пронајде еден килограм чист кокаин и поднесе кривична пријава против двајца велешани и една велешанка
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Сектов за внатрешни работи Велес, вчера доцна попладне, во 18:45 часот ги лишиле од слобода Д.С.(43) и 33- годишната Р.С., двајцата од Велес.
-При претрес во домот на С.Т.(49) од Велес, извршен од страна на полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и Отсек за општ криминалитет при СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основен суд Велес и во присуство на адвокат, каде биле затекнати и Д.С. и Р.С., пронајшле и одзеле еден килограм кокаин, бела тврда материја, течност со остатоци од бела прашкаста материја, гасен пиштол марка „зораки”, вага и прибор за приготвување на наркотични дроги и други предмети, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Д.С. и Р.С. биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител според чиј насоки на лице место се обезбедува С.Т., поради здравствени причини.
Извршено е вештачење во Одделот за форензички испитувања и против С.Т., Д.С. и Р.С. поднесена е кривична пријава по брза постапка за ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”,” предвидено по член 215 од КЗ.
Дума.мк