Пријавени две тепачки во СВР Велес

Објавено на 21 јануари, 2022 во 10:29

Првата тепачка била пријавена, вчера, од страна на дваесет и пет годишниот Е.М од Велес. Тој пријавил дека на 19 јануари, два и пол часа по полноќ, заедно со неговиот татко биле физички нападнати од четириесет и едно годишниот Е.Д.

Од СВР Велес информираат дека во текот на истиот ден, 36 годишна велешанка пријавила дека на 13 јануари, годинава, околу 20:00 часот во нејзиниот дом била физички нападната од две години помладата А.Б од Велес.

-По целосно документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.