Притворен Велешанец со двојно државјанство, не почитувал судска забрана за излез од Македонија
Објавено: 28 ноември, 2025, во 13:54 часот
Полициски службеници на Министерство за внатрешни работи, пред два дена, на граничен премин Табановце го лишиле од слобода А.П (40) од Велес при обид да излезе од Македонија поради не почитување на претходно изреченото судско решение – мерка на претпазливост „забрана за излез“.
„Тој е спроведен и задржан во Полициска станица Велес, а за настанот бил известен јавен обвинител. На 27.11.2025 А.П. бил спроведен во Основен суд Велес, каде од надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено поправна установа – Затвор Скопје,“ соопшти Биљана Ѓаковска потпаролка на СВР Велес.
Според Основно јавно обвинителство Велес против А.П во велешки Основен суд се води судска постапка по поднесен обвинителен предлог за две кривични дела „загрозување на сигурноста“ на сопруга и дете од претходен брак како и за „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедност“ што се случиле на 21 август, годинава, во велешко село.
Обвинетиот А.П бил со двојно, поточно српско и македонско државјанство.
Убавка Јаневска


