Приведен велешанец на наплатна станица „Сопот“, пронајдена дрога (видео)
Објавено на 15 септември, 2022 во 10:06
Околу еден килограм марихуана била пронајдена во патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки коешто го управувал триесет и осум годишниот С.Д од Велес. Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 16:30 часот на наплатна станица „Сопот“, на автопат „Пријателство“, го запрале автомобилот и извршиле преглед.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека велешанецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Стефани Манева