Приведен велешанец осомничен за кривично дело „разбојничка кражба“
Објавено на 19 јули, 2022 во 13:29
Четириесет и три годишниот В.Ѓ од Велес, во текот на вчерашниот ден, од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес бил лишен од слобода поради основано сомнение дека ограбил продажен објект во Велес.
– На ден 05.05.2022 извршил кривично дело „разбојничка кражба“ во продажен објект во Велес. Притоа, тој се однесувал агресивно и физички нападнал полициски службеник, соопштија од МВР.
Оттаму додаваат дека В.Ѓ бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Стефани Манева