Приведен возач од Битола, возел со 197 км на час на место каде дозволено e 80 км на час

Објавено: 15 јули, 2025, во 11:01 часот

На автопатот А1, Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино вчера доцна попладне, во 18:10 часот, го лишија од слобода С.Р.(29) од Битола.

„При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека С.Р  управувал патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобзирно управување моторно возило“, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.