Приведена кавадарчанка која се заканувала на својот маж, кавадарчанец во хотелска соба ја нападнал својата девојка и извршил обљуба врз неа

Објавено на 3 јули, 2024 во 11:21

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 11:15 часот ја лишеле од слобода 46 годишната кавадарчанка А.Б постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом му се заканувала на две години повозрасниот сопруг.

– А.Б. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Истиот ден, во 18:40 часот полициски службеници го лишеле од слобода и 33 годишниот А.Х од Кавадарци по претходна пријава од 26 годишна кавадарчанка со којашто бил во љубовна врска.

-Според пријавеното, на 09.06.2024 во хотелска соба во Кавадарци, А.Х. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.Х. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.