Приведени двајца крадци од Велес за издржување мерка притвор
Објавено на 14 април, 2022 во 11:22
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, ги привеле четириесет и три годишниот В.Г и триесет и седум годишниот А.Л, двајцата од Велес.
– За нив била издадена судска наредба, со која се барале за издржување на мерка притвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Двајцата велешани биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Стефани Манева