Приведени двајца велешани, кај нив пронајдена дрога

Објавено на 5 мај, 2023 во 10:44

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 16:15 часот, во близина на Стар Мост во Велес, ги лишеле од слобода четириесет и две годишниот А.Ш и дваесет и пет годишниот  Р.С.

Кај Р.С биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин и дигитална вага, додека при преглед кај А.Ш. била пронајдена и одземена марихуана.

-Подоцна, со наредба од Основен суд Велес, бил извшен и претрес во домот на А.Ш., при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од СВР Велес.

Двајцата се приведени во Полициска станица Велес и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.