Прогласени најуспешните велешани во 2021 година (Фото)

Објавено на 27 декември, 2021 во 15:48

Крводарителот Ѓорѓи Митев е најхуманиот велешанец во 2021 година. Тој годинава по 104-ти пат даруваше крв со што спаси исто толку животи.  Благородниот и хуман човек освен на бројни организирани ркводарителски акции практикува да дарува крв и самоиницијативно во одделението за трансфузиологија во Велес. Трансфузиолозите него го помнат и како хуманист што секојпат штом го повикале тој доаѓал во велешката и во скопските болници за да подари крв на граѓани на коишто таа им била најпотребна.

И пожарникарот Роберт Драскачев од ТТП Велес е меѓу најуспешните велешани годинава затоа што учествува постојано во гаснење на пожари независно дали тие се случуваат во домовите на граѓаните, во компаниите или пак се на отворено. Неговото долгогодишно стекнато искуство и учество годианва резултираше и со унапредување во противпожарната единица. Тој од пожарникар е унапреден во пожарникар-водич.

На листата на најуспешни велешани годинава е запишано и името на полицискиот службеник Јовица Антиќ од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес. Овој униформиран полициски службеник со над дваесет годишно искуство е препознатлив по професионалност и одговорност.

Со 25 годишно професионално извршување на работните обврски во интерес на граѓаните велешанецот Трајче Шутев се стекна со признанието најдобар работник во ЈКП „Дервен“.

На најуспешните велешани, на денешната традиционална Новогодишна свеченост наградите им ги врачи заменик градоначалникот Коста Нојков.

-Од името на сите граѓани на Велес во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес им честитам на добитниците на признанијата за најуспешни во 2021 година. Токму вие сте нашите човечки вредности, нашиот поттик да одиме нанпред, да создаваме и да работиме неуморно за сегашните и идните генерации на Велес. Оваа година донесе многу предизвици, пандемија, финансиски и економски проблеми, но успеавме да се справиме со сите предизвици и пречки. Се надевам дека наредната година ќе живееме и работиме без пандемија, ослободени од стегите што ни ги наметна и ќе продолжиме да го градиме Велес во модерен и современ град од кој нема да заминуваат младите, рече Нојков.

Општина Велес им ги додели стипендиите на најталентираните ученици и студенти за учебната 2021/2022 година. На средношколците стипендиите им ги додели претседателот на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици,  Горан Богоевски. Откако беа соопштение добитниците на стипендијата на студенти за учебната 2021/2022 година, решенијата ги добија од претседателот на Советот на Општина Велес,  Зоран Љутков .

Командата за обука и доктирини Велес, Армијата на Република Северна Македонија, е добитник на специјално Признание како израз на благодарност за континуирана поддршка на локалната самоуправа при елементарни непогоди, значаен придонес за сигурност на цивилните структури и исклучителна асистенција во справувањето со Ковид 19 кризата. Наградата ја прими потполковник, Жарко Илиев.

Раководителката на  Одделение за заштита на животна средина, Билјана Шуркова Манаскова и раководителката на Одделение за финансиски прашања, Оливера Чанева, се годинешни добитнички на јубилејната награда за 15 годишно работење во Општина Велес.

На свеченоста организирана по повод Нова Година програмата ја збогатија балеринките од балетското студио „Анабела“ како и дуото Ничевски.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License