Пронајден велешанец на улица во тешка здравствена состојба, однесен во велешка болница по што починал
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/inbound6017121469178212791.jpg)
Со возило на Итна медицинска помош, вчера, на 14 јануари, во 09:40 часот, во Општа болница Велес бил донесен маж, пронајден на улица, без лични документи во тешка здравствена и запуштена состојба. Велешанецот бил пренесен на Одделение за интерни болести кадешто му биле направени детални прегледи.
-На Одделот за Интерни болести донесен е пациент во тешка здравствена и запуштена состојба, укажана му е лекарска помош, повикан е доктор невролог, по што било констатирано дека пациентот е дезориентиран, тешко се движи и му била забележана повреда на главата. Од тие причини пациентот е преместен на хирургија кадешто е задржан. Состојбата на пациентот одеднаш се влошила и покрај сите вложени напори од страна на лекарите лицето починало. Побаран е Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција, рече Марина Андова портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
Случајот бил пријавен и во Сектор за внатрешни работи Велес.
-На 14.01.2024 во 09.40 часот во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес во
тешка здравствена состојба бил донесен В.С.(48) од Велес, кој набргу починал. Лекар
констатирал смрт без видливи траги на насилстово, а по наредба на јавен овбинител телото
на починатиот било предадено на обдукција, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)