Пронајдено починато лице во Богомила

Објавено на 23 јануари, 2023 во 13:14
Фото: Архива на Дума.мк

Телото на починатиот маж е пронајдено на спореден пат во село Богомила во Општина Чашка. Известен е дежурен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Велес кој го изврши увидот на лице место.

„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот 60-годишен маж со цел да се утврдат причините за смртта. Според негови издадени насоки во увидната постапка подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Обвинителството презема и други дејствија за целосно испитување на случката. Потоа ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката“, пишува во соопштението на Основно јавно обвинителство Велес.

​Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.