Против тројца жители на општина Чашка поднесена кривична пријава за недозволено поседување оружје
Објавено: 16 јули, 2025, во 11:27 часот
Полициската станица од Велес поднесе кривична пријава против три лица од општина Чашка, Н.Б. (40) и М.Б. (43) од село Горно Јаболчиште, како и Џ.К. (50) од село Мелница, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
Во текот на месеците јануари и мај годинава, полициски службеници извршиле претреси во домовите на пријавените кога кај Н.Б. и Џ.К. биле пронајдени и одземени ловечки пушки и муниција, додека кај М.Б. била пронајдена една ловечка пушка.
По целосно документирање на случајот против осомничените е поднесена кривичната пријава до надлежното јавно обвинителство.
Убавка Јаневска


