Прва група средношколци во Велес се обучуваат за мајстори и мајсторки преку иницијатива на Циркуларна економија

Со примена на еден од трите основни принципи на Циркуларната економија поточно „Одржување на материјалите и производите во употреба што е можно подолго“ засега 15 млади средношколци ќе се обидат да ја заштитат животна средина во Велес од ново загадување. Тие се дел од процес на обука на кои ги стекнуваат вештините како користени производи и облека наместо да завршат на депонија да ги внесат во процес на реупотреба за граѓани пак да ги користат.

-Станува збор за спроведување на иницијатива на Младински центар Велес преку којашто во своите простории создва катче каде младите постојано ќе се обучуваат за поправка и повторно користење на оштетени производи како што се технички апарати, апарати за домаќинство или за кроење и шиење на парчиња облека од донација значи веќе употребена гардероба се со цел да не се фрла како отпад туку да се реупотребува. Тоа конкретно значи дека центарот, Младинскиот работник и пет волонтери, средношколци, напишаа иницијатива која прифатена е од донаторот Здужение „Лидери за едукација, активизам и развој“ и финансиски е поддржана во висина од 700 евра. Со дел од овие финансиски средства прво треба да се набават алати за работа како што се штрафцигари, чекани и жици, сијалички, мерна лента за поправка на технички и апарати во домаќинството. Исто така и прибор за работа во шивачка работилница. По едукацијата, учениците кои се средношколци, научените вештини ќе ги применат преку поправање на апарати во домаќинство или други технички производи или ќе скројат и сошијат парчиња гардероба од донираните за да не завршат на депонија, рече Ивана Јордева, Младински работник во Младински центар Велес.

Обуките ќе завршат на почеток на месец април. Потоа учениците, стекнатите вештини, директно ќе ги применат во опремено катче во просториите на Младински центар под менторство на професор и моден дизајнер.

За да обезбеди одржливоста на оваа иницијатива, Младински центар Велес, ќе продолжи да обучува нова група на средношколци. Истовремено партнерство ќе им понуди на четирите средни училишта, од кои три се стручни, со цел да обезбеди долгорочна одржливост на иницијативата. Особено на Државното средно стручно училиште РЦСОО “Коле Неделковски” кое има неколку опремени работилници а меѓу нив се машинската и за електроника.

Всушност иницијативата цели кон отворање на прва „Работилница за поправки на стари производи во Велес“ којашто можат да ја поддржат како фирми така и граѓани со цел да се спасат од отпад или производи на кои може да им се продолжи векот на употреба и да се спречи зголемување на количината на отпад во градот.
Убавка Јаневска
