Работниците на велешка „Колска“ земаа плата, засега штрајкот ставен во мирување
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2025/02/20250206_093310-1024x768.jpg)
На трансакциските сметки на педесетте работници во фабриката за шински возила „Колска“ денеска во 15:30 часот стигна прилив. Ним им е исплатена декемвриската плата. Претседателот на синдикалната организација на ССМ, Тони Арсовски ја сподели веста со новинарите.
„Плата земавме. Го ставаме штрајкот во мирување и се надеваме дека ќе има поместување на работите во наша полза,“ додаде Арсовски.
Исполнетото барање за добивање на плата значи дека вработените на „Колска“ во понеделник нема да штрајкуваат, како што најавија, со блокирање на железничкиот сообраќај на Железничка станица Велес. Ним им останува да ги издејствуваат уште исплите на К-15 за минатата и за 2023 година. Тоа беа причините за штрајкот којшто го започнаа вчера во фабриката и ја добија поддршката на Сојуз на синдикати на Македонија.
Убавка Јаневска
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)