Работник повреден на работно место примен во Општа болница Кавадарци

Објавено на 5 март, 2025 во 13:35

Во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера утро,.во 09:50 часот, било пријавено од Општа болница Кавадарци дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.М.(55) од Неготино.

„Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци. За настанот биле известени јавен обвинител и трудова инспекција, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.