Распишани огласи за избор на еден Јавен обвинител и на еден судија за Велес

Објавено на 11 февруари, 2025 во 12:49

Советот на јавни обвинители го објави огласот на којшто ќе се избира еден Јавен обвинител во Обинителство Велес. Огласот е објавен на 7 февруари, годинава. Кандидатите коишто ќе се пријават потребно е да ја имаат завршено обуката на Академија за судии и јавни обвинители. Огласот има тенденција за ублажување на моменталната состојба со недоволен број на јавни обвинители.

Во Велес во Основно јавно обвинителство во моментот располага со седум јавни обвинители од коишто еден е избран основен јавен обвинител. Исто така со Уверение за судии и јавни обвинители на Академија „Павел Шатев“ располагаат четири лица во Велес.

Исто така и Судски совет на ист датум објави оглас за избор на еден судија за Основен суд Велес. Во моментов велешки суд располага со 12 судии.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.