Расте бројот на разводи во Велес
Во изминатите пет месеци, во Основен суд Велес, вкупно 54 брачни другари поднеле тужби за развод на брак додека 25 се развеле. Исто така 11 брачни другари се во очекување на потврда на одлуката за развод.
Според судот, во 2022 година, во општината вкупно биле поднесе 169 тужби за развод на брак додека биле решени 116 во кои се развеле 97 и 19 брачни двојки се во очекување на разведување.
Ако овие податоци се споредат со 2021 година, тогаш во Велес се зголемува бројот на поднесени тужби и разведени брачни партнери. Податоците за поништен граѓански брак, во оваа година, говорат дека од вкупно 150 поднесени тужи, судот решил 118 предмети во кои развел 90 брачни партнери додека во очекување на судска пресудасе 28 брачни двојки.
Судот развел за 19 бракови повеќе во 2021 година во споредба со 2022 година додека бројот на поднесени тужби е за 19 повеќе во 2022 година.
„Најчестите причини за развод на брак се нарушени односи помеѓу брачните другари“, соопштија од Основен суд Велес.
Убавка Јаневска