РЦУК Велес: Во Вардарски регион само во Неготинско и Демиркаписко паѓа снег, патиштата се чистат и сите се проодни
Регионалниот Центар за управување со кризи Велес, известува дека во Општина Чашка во населените места с. Јасеново и с. Богомила врнежите од снег престанаа и има наврнато околу 30см снег. Се расчистуваат улиците од страна на комуналното претпријатие. Исто така се врши чистење и во с.Владиловци и с.Оморани, но истите се проодни за сообраќај.
Во општините Велес и Градско,исто така, престанаа врнежите од снег, сите патни правци се проодни и исто така редовно се чистат. Сега се чисти и во с. Црквино.
На територијата на општините Свети Николе и Лозово сите патни правци се проодни, со машинерија, три камиони, се чистат константно и се посолуваат.
На територијата на Општините Неготино и Демир Капија има врнежи од снег. Сите патни правци се проодни и се чистат со машинерија од страна на ЈП „Македонија пат“ пункт Неготино. Од последните информации кои ги добивме во Општина Неготино има наврнато околу 30 см снег.
Сите патни правци во општина Кавадарци се проодни за сообраќај во зимски услови и истите редовно се чистат од страна на Комуналното претпријатие. До овој момент немаат информација дека има пат којшто е затворен за сообраќај.
Дума.мк