Росоманските овоштари извезоа три милиони килограми праски во Русија

Објавено на 25 јули, 2018 во 16:36

praski fin

Росоманци извезоа три милиони килограми праски во Русија и очекуваат во периодот што следи извоз од уште два милиона килограми. Откупот се врши на неколку пунктови.

Според Здружението „Росоманска долина” росоманските производители на праски на домашниот пазар исто така продале околу три милиони килограми од овој вид овошје додека во домашните преработувачки капацитети биле преработени околу милион килограми праски.

Во овоштарниците во Росоман сега се бере сортата „крес хевен” што на пазарот дома се продава за цената од 18 до 20 денари за килограм.

Овоштарите истакнаа дека за разлика од претходните, годинава, намален е пласманот на праски на Косово.

Во Росоманско со праски се засадени околу 700 хектари површина./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.