Сѐ уште се трага по исчезнатиот велешанец Никола Попов – Коле, семејството бара помош од граѓаните
Објавено на 25 јули, 2023 во 10:44
Семејството на исчезнатиот велешанец Никола Попов – Коле, сѐ уште бара помош за негово пронаоѓање. Веќе шести ден, поточно од 19 јули, се трага по него, а во пронаоѓањето вклучена е и полицијата.
На социјалната мрежа „фејсбук“, поблиски членови од семејството објавија негова фотографија за полесно препознавање и според нивните информации тој е облечен во кафена карирана кошула и тексас бермуди.
Семејството бара помош и апелира до сите граѓани, доколку го забележат или видат, да го задржат и да се јават на мобилниот телефон 075/ 620-756 или во полиција.
Дума.мк