Само 54 жители на Велес, Чашка и Градско за нешто повеќе од еден век се родени на 29 февруари
На 29 февруари од 1920 година до 2016 година родени се вкупно 54 граѓани на општините Велес, Градско и Чашка. Од вкупната бројка 38 се мажи и 16 жени. Ова според можноста да си го слават сопствениот роденден, на секои четири години, се ретки луѓе.
Управата за матични книги, подрачна единица Велес, располага со податоци на евиденцијата на родени од 1912 година. Во неа е евидентирано дека првите четворица граѓани родени се во 1920 година на 29 февруари и сите биле мажи, додека четири години подоцна, во престапната година родено е едно женско бебе. Во 1928 година на овој датум се родиле две новороденчиња од кои едно машко и едно женско.
Во оваа евиденција се запишани податоци дека во 1932 година родени се две машки бебиња и ако тие се живи тогаш денеска ќе можат да си го прослават својот 92 роденден или 88 –миот родените двајца мажи и една жена во 1936 година.
Нема новородени на 29 февруари во 1940, 1992, 2016 и 2020 година во општините Велес, Чашка и во Градско. Додека на овој датум во 1944, 1948, 1952, 1956 година родени се вкупно 9 мажи и четири жени.
И она што е посебно интересно е дека родената жена на 29 февруари во 1960 година сега има 64 години и таа само 16 пати можела да си го прослави својот роденден, а еднаш помалку од неа двајцата родени мажи и двете жени во 1964 година.
Најголем број на граѓани на 29 февруари се родени во 1968 година вкупно седум или четворица мажи и три жени. Тие до сега имале можност да си прослават 14 пати роденден, додека четири години подоцна родените две машки бебиња славеле 13 пати.
Во 1976 година на овој датум се родиле три машки новороденчиња и тие годинава ќе го слават својот 48 роденден по 12 а еден пат помалку роденден ќе слави маж којшто е роден во 1980 година и полни 44 години. Во 1984 година на овој ден родени се четири новороденчиња од кои две машки и две женски а во четири години подоцна само едно машко новороденче.
Денеска можност да прослават својот 28-ми роденден имаат двајца мажи и една жена и 24-от еден роден маж четири години подоцна.
На 29 февруари во 2004 година родено е едно машко новороденче исто како и во 2012 година додека во 2016 и 2020 година на денешен ден не се родил ниту еден жител на трите општини, така е и годинава информираат од велешката Општа болница кадешто од ноќеска на полноќ до моментот на објавување на веста нема родено новородече ниту прием на родилка.
Убавка Јаневска