Се превртел камион во каменолом кај село Дебреште, тешко повреден е возач

Објавено на 8 февруари, 2025 во 14:56

Шеесет и едно годишниот К.К од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди откако вчера, претпладне, се превртело моторното товарно возило марка „мерцедес“ коешто го управувал додека извршувал работни задачи. Камионот се превртел во каменолом во близина на село Дебреште, општина Росоман.

-Тешките телесни повреди на работникот биле констатирани во Општа болница во Кавадарци. Известен бил јавен обвинител и увид на лице место извршила увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Кавадарци, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Несреќата во полиција била пријавена вчера претпладне во 11:45 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.