Се реконструира оштетен дел од кејот на Луда Мара
Објавено на 12 август, 2021 во 14:35
Во буџетот се планирани 3,8 милиони денари, а со комплетна реконструкција е опфатена должина од 240 метри.
Дел од кејот на реката Луда Мара, од мостот на ул„ Видео Смилевски“ до наредниот мост на ул „Димката Ангелов Габерот“ кој се градеше во 2013 година е целосно руиниран. Поради тоа овој дел не е во фунцкија на граѓаните кои пешачат по самата патека од кејот.
Од општината најавуваат дека за следната година ќе се продолжи изградбата на кејот од улицата „Видео Смилевски“ кон новата болница.
Aнгел Данов