Се уште гори мешана шума кај село Оморани и село Ораов Дол, активни шест пожари на ниво на држава
Во Општина Чашка се уште е активен пожарот кај село Оморани и местото нарецено Кадиица во село Ораов Дол каде неколку дена по ред гори мешана шума, соопштија од Центар за управување со кризи. Пожарот на планина Мукос во село Степанци е ставен под контрола.
Од ЦУК известуваат дека на ниво на држава во моментов активни се вкупно шест пожари во Прилеп, Чашка, Петровец, Штип, Чучер – Сандево и Долнени додека под контрола е пожарот во Кочани кадешти гори градска депонија.
Инаку вчера, велешките пожарникари по пријава од страна на ЦУК за наближување на пожарот до викенд населбата кај село Ораов Дол во Општина Чашка се упатиле на лице место со едно против пожарно возило и четворица пожарникари по што веднаш почнале да го гаснат пожарот.
-Во гаснењето на пожарот се вклучија и 3 лица ( местани). Кракот што беше опасност за куќите беше изгаснат но пожарот е сеуште активен на другите краци, соопштија од ТППЕ Велес.
Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 40 пожари, од кои изгаснати се 33.
Дума.мк