Се запалил автомобил на автопат Градско – Велес, интервенирале велешките пожарникари

Објавено на 29 август, 2023 во 13:17

Министерство за внатрешни работи соопшти дека ноќеска, еден час и 56 минути по полноќ, на автопатот А1, правец Градско – Велес, настанал пожар во патничко возило „форд фокус“ со романски национални ознаки коешто било управувано од А.С.А, 52 години од Романија,

Како што додаваат, возило се запалило во движење а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Велес и нема повредени лица.

Увид на местото на незгодата изврпила екипа од Сектор за внатрешни работи Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.