Седум улици во Велес три часа претпладнево се без вода поради неодложни работи на ЈКП „Дервен“
Објавено на 22 јули, 2021 во 10:15
Поради неопходни рабтони активности на водовна инсталација седум улици во Велес утрово од 08:30 часот се без вода, соопштија од Јавно комулано претпријатие „Дервен“. Прекин на водоснабдувањето има на улицa Кузман Јосифов, улица Титовоужичка, улица Велјан Шојлев, улица Милан Страчков, улица Илија Климкарод, како и дел од улицата Славе Петков и дел од улицата Максим Горки.
Работници на јавното комунално претпријатие од работна единица водовод за време траење од најмалку три часа треба да ги завршат работите и граѓаните што живеат на овие улици во Велес да добијат вода во своите домови.
Стефани Манева