Шахта ја затвори дупката во асфалтот под „Багремче“ во велешка Нова Населба

Објавено на 7 февруари, 2025 во 13:13

На местото, спој на улиците „Благој Ѓорев“ и „Партение Зографски“, на коешто се појави пропаѓање и свлекување на земја изведена е канализациска шахта. Во неа е приклучен крак на фекална канализација. Така е решен проблемот којшто одеднаш се појави во длабочината на коловозот и според проценката на граѓаните изнесуваше околку два метри, на крајот на минатата година, поточно на 26 декември.

Од Општина Велес денеска одговорија на прашањето на Дума.мк дека проблемот на спојот на двете улици е решен. Сепак шахтата ќе остане означена со барикада се додека не се постави завршен слој на асфалт.

Најверојатно дупната канализациска цевка била причина за истекувањето коешто го предизвикало пропаѓањето на земјата под асфалтот на коловозот токму на спојот на двете улици.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.