Сиљановска Давкова: „Жените мора да внимаваат на зборовите особено кога се обраќаат кон жена во македонското Собрание и не е лошо човек да се извини“

Објавено на 3 март, 2025 во 18:10

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова директно не ја слушнала полемиката за потрошувачката кошничка во македонското Собрание помеѓу министерката Гордана Димитриеска Кочоска и пратеничката Славјанка Петровска туку ја гледала подоцна. Сепак ставот на македонската претседателка е дека пратениците и пратеничките во Собранието мора да ги одмеруваат зборовите со кои меѓусебно се обраќаат и дека не е лошо да има извинување.

Сиљанова Давкова по телефонскиот разговор со претседателот на Р. Бугарија, рече дека со Радев ќе се сретнат во Бугарија, земја коорганизатор на процесот против растечкиот радикализам, екстремизам и тероризам за балканот во Софија. Македонската претседателка е поканета и ќе присуствува кадешто се надева дека ќе разговара со бугарскиот колега и за македонско бугарскиот проблем.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.