Скопската лабораторија вчера земала примероци од водата од велешко „Младост“
По најавите од страна на Општина Велес за повторно анализирање на квалитетот на водата во велешко езеро од страна на скопската лабораторија „Фуд лаб“, Дума.мк денеска испрати новинарско прашање дали се пристигнати резултатите. Од Општина Велес одговорија дека мостри од езерската вода се земени вчера.
-Последните примероци од водата на езеро Младост од страна на Лабораторијата „Фуд лаб“ од Скопје се земени вчера, 24.08.2023 година. Резултатите од анализата на квалитетот на водата се очекува да стигнат од вторник, 29.08.2023 година, пишува во одговорот на општината.
Општина Велес се одлучи на повторно испитување на квалитетот на водата во „Младост“ откако претходните анализи направени на 11 август, годинава, покажаа надминување на граничните вредности за присуство на „цревни ентерококи“ и „ешерихија коли“ во водите на езеро „Младост“ , на локациите „Брод Панини“ и „Градска плажа 1“. Тие беа причина општината да препорача внимателно капење на граѓаните на овој едел од езерскиот брег.
Стефани Манева