Слободан Кириќ Цоро: „Поздрав до сите Коледари во Велес од дијаспората!“
„Драги мои Велешани, не се срамете, денес и утре само во Велес се пејат Мрсни Коледарски песни. „Коледето е победа над срамот,“ така велеше велешката новинарска легенда Никофор Смилевски додека го подготвувавме печатеното издание на „Коледарскиот Прирачник“ или единственото издание на Коледарски мрсни песни коишто се пејат само во Велес и никаде на друго место во Македонија или во светот. Сакам да Ве потсетам на времињата кога ние, Велешани, го организиравме најмасовното „Велешко Коледе“ на Којник каде главни Коледарски ѕвезди беа тетка Борка Брзозборка и внук и Горан – Зрното. Ех времиња,ех“, меѓу другото вели во видео пораката Слободан Кириќ Цоро.
Погледнете го неговиот специјален Коледарски поздрав за Велешани. Оваа вечер е посветена на Коледарската велешка традиција, се надеваме дека се ни е простено!
Дума.мк