Смилев,советник на Левица: „Жестоко се спротивставуваме на одлуката за покачување на ѓубрарината за 100%“(фото и аудио)
„Не е разумно во услови на 20% инфлација на државно ниво да се зголемуваат 100 % комунални услуги освен со тоа ако не се обидува да се намали милионскиот долг на ЈКП Дервен поради неспособното раководење на менаџментот“,смета советникот на Левица, Игор Смилев. Тој го пренесе ставот на советничката група на Левица во Советот на Општина Велес.
Смилев смета дека донесената одлуката е без преседан затоа што актуелното мнозинство предводено од ВМРО ДПМНЕ наспроти актуелното законско решение според кое единствено Регулаторна комисија може да одлучи за зголемување се повикало на стар закон, од 2018 година, и ја зголеми цена на ѓубрарината како за домаќинствата така и за фирмите во општина Велес.
Ставот на советничката група е снимен вчера вечер додека траеше седницата на Советот на општина Велес.
Слушнете ја во целост изјавата на советникот Игор Смилев.
Убавка Јаневска