Собрани голем број крвни единици на првиот ден од летната крводарителска акција во Велес

Објавено на 22 август, 2022 во 11:18

На првиот ден од летната крводарителска акција во Велес биле собрани 116 крвни единици, што претставува голем број и е доказ дека велешани секогаш ги поддржуваат крводарителските акции.

Оваа крводарителска акција заеднички ја реализираат Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Велес.

Во првиот ден од летната крводарителска акција учество земале осум волонтери.

-Летната крводарителска акција продолжува и денеска,22 август, во просториите на Ликовен Салон до 14:30 часот. Секој хуман граѓанин може да дарува крв и да спаси нечиј живот, соопштија од велешки Црвен крст.

Инаку, во саботата, на 20 август, беше реализирана уште една крводарителска акција во Општина Чашка, на којашто биле собрани 32 крвни единици.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License