Собрани вкупно 26 крвни единици, 15 крводарители за прв пат даруваа крв во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ (фото)
Објавено на 10 декември, 2024 во 14:02
Традиционалната крводарителска акција којашто денеска се одржа во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ беше организирана по повод патрониот празник на училиштето. На истата крв даруваа вкупно 26 крводарители од кои за првпат 15.
Во велешки Црвен Крст се задоволни од одзивот и особено од фактот што нивното семејство стана побројно за 15 нови членови.
Оттаму,исто така, соопштија дека на денешната акција во изминатата есен и претходеа уште две,во средните училишта во Велес, поточно во ДСУРЦСОО ,, Коле Неделковски” каде беа собрани 35 и во СОУ„Димитрија Чуповски“ 22 крвни единици. Заедно со денешната собрани се 84 крвни единици. За прв пат крводарители станале 51 лице.
Стефани Манева