Сообраќајка на регионалниот пат Велес – Градско кај велешка кланица, сообраќајот нормализиран
Објавено на 30 септември, 2021 во 10:57

По деведесет минутен прекин на сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско поради полесна сообраќајна незгода, веќе е пуштен сообраќајот. Тој беше во прекин поради излизнување на автомобил марка „БМВ“ од влажениот коловоз на патот.
Екипа на Итна медицинска помош е на лице место.
Според портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, таму се наоѓа и увидната полициска екипа.
Стефани Манева
