Сообраќајка помеѓу автомобил и запрежна кола кај село Мамутчево
Тројца граѓани се здобија со повреди во сообраќајна незгода што вчера, околу 10:50 часот се случи на регионалниот пат Велес – исклучок село Мамутчево. Двајца од нив се мажи и една е жена. Еден маж имал само панични реакции но немал стекнато повреди. Екипа на Итна медицинска помош интервенирала и се пренесени во ЈЗУ Општа болница Велес.
-Двајца мажи се здобиле со повреди за коишто хирурзите одлучиле да бидат задржани на лекување во велешка болница. Еден од нив се здобил со скршеници на две ребра додека другиот се здобил со набиеници. Полесни телесни повреди се констатирани кај пациентката која по направена компјутерска томографија е испратена на домашно лекување поради специфичната болест од којашто боледува. На домашно лекување исто така по направен преглед од невропсихијатар бил пуштен и еден пациент, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
Според СВР Велес сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од И.С.(47) со сопатничка В.С.(74) од село Горобинци, светиниколско, и запрежно возило, управувано од И.З.(75) со сопатник С.У.(65) од Велес.
Екипа на СВР Велес извршила увид на местото на незгодата.
Стефани Манева