Сообраќајна несреќа со смртни последици во Кавадарци
Објавено на 2 март, 2022 во 10:22
Патничко возило „ тојота ланд крузер“ со велешки регистарски ознаки управувано од дваесет и едно годишниот Р.Ј од Кавадарци, вчера, на крстосницата од улицата „Никола Минчев“ и булевар „Македонија“ во Кавадарци удрило во осумдесет и три годишниот П.Ч од Кавадарци.
– Во сообраќајната несреќа П.Ч се здобил со тешки телесни повреди. Бил пренесен во Општа болница Кавадарци а подоцна и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде на 02.03.2022 во 00.05 часот починал, соопшти портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
На местото на незгодата бил извршен увид а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е испратено на обдукција.
Случајот бил пријавен во Полициска станица Кавадарци вчера, 1 март, во 20:55 часот.
Стефани Манева