Сообраќајна незгода кај Неготино – повредени две млади девојки

Објавено на 24 јуни, 2025 во 13:33

Во сообраќајна незгода на патниот правец Кавадарци – Неготино, кај местото викано „Антената“, патничко возило од марката „Фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки излетало од коловозот, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.

Возилото го управувал 18-годишниот М.Н. од село Сирково, општина Росоман, а во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, додека другата сопатничка, 19-годишната Д.А., исто така од село Сирково, се здобила со телесни повреди. Двете биле прегледани и повредите им биле констатирани во Итната медицинска помош во Неготино.

Сообраќајната незгода се случила вчера, на 23 јуни, околу 11:45 часот, на местото на настанот извршен бил увид од екипа на ОВР Неготино.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.